Мисајловски во Хаг: Македонија е посветена на безбедна Алијанса, модернизацијата на Армијата е приоритет

 


Министерот за одбрана Владо Мисајловски синоќа во Хаг, на покана на неговиот холандски колега Рубен Брекелманс, учествуваше на средбата на министри за одбрана на земјите – членки на НАТО.

Мисајловски, како што соопшти Министерството за за одбрана, на средбата подвлече дека нашата земја останува силно посветена на заедничката цел – безбедна и сигурна Алијанса и безбедни над една милијарда луѓе во светот.

- Исполнувањето на НАТО целите на способности се највисок приоритет на одбраната и тоа ќе се реализира преку инвестициите во одбраната, како и преку процесот на модернизација и опремување на Армијата кој е во тек, истакна Мисјаловски.

Самитот на НАТО во Хаг започнува денеска, а македонската делегација во чиј состав се министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински, како и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, е предводена од претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.

25.06.2025 - 09:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега