Министерство за одбрана: Објавени се конкурси за питомци и студенти за прв и втор циклус на студии на Воената Академиј

 


Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ објави Конкурс за запишување питомци и студенти на прв циклус студии и Конкурс за запишување на студенти на втор циклус на студии во студиската 2025 /2026 година.

Според соопштението, конкурсот за запишување питомци и студенти на прв циклус студии, се објавува за потребите на Министерството и Армијата, како и за потребите за управување со кризи и заштита и спасување.

„Ги повикуваме сите заинтересирани млади лица кои својата иднина ја гледаат како дел од институцијата со најголема доверба кај граѓаните, идни офицери во македонската Армија, кои имаат завршено (4 годишно) средно образование и не се постари од 21 година, да ги достават своите пријави заедно со потребната документацијата наведена во Конкурсот, во деловодството на Воената академија или електронски на следниов меил: upis_va@mod.gov.mk најдоцна до 20.06.2025 година.

Додека сите заинтересирани кандидати за Конкурсот за втор циклус на студии, можат да се пријават најдоцна до 12.09.2025 година на следните магистерски студиски програми: Безбедност и одбрана; Управување со кризи и заштита и спасување; Сајбер безбедност и дигитална форензика.

Подетални информации може да пронајдете во самите конкурси кои се објавени на веб страната на Воената Академија“, е наведено во официјалната информација.

29.05.2025 - 12:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега