Милошоски: Наивно е да се прават уставни измени за уште едно неисполнето ветување од ЕУ
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски оценува дека во Македонија постои оправдана разочараност од односот на ЕУ во поглед на интеграциите.
- „Превземената обврска на претходната влада, доколку има можност да се менаџира, би било рационално истата да се менаџира со предвидливост на патот до конечната цел а тоа се европските интеграции. Во Македонија постои реално оправдана разочараност од односот на ЕУ. Веќе еднаш имавме уставни измени за името, и лошите искуства се доволно силни аргументи, Македонија со право да побара одредена извесност за патот кон ЕУ, бидејќи гледаме дека ЕУ не говори со еден глас. Нема сериозна визија за Западниот Балкан и времетраењето на зачленувањето и проширувањето на овие земји“, вели Милошоски.
Вели Македонија неколкупати има направено уставни измени а ЕУ ветувала дека тие ќе ја приближат Македонија кон преговорите за членство, но очигледно е дека не ги исполнила своите ветувања.
- Сметам дека одложеното дејство е рационален аргумент кој би можел да биде поттик за Македонија да се интегрира, Бугарија да не блокира а ЕУ да го менаџира тој процес до конечната цел“, вели тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа