Милијардер советува: „Доколку сакате да се збогатите, секојдневно правете едно нешто“
Милијардерот Марк Кјубан (66), американскиот претприемач, косопственик на НБА тимот Далас Маверикс и компанијата „2929 Entertainment“ и инвеститор во американското реално шоу „Shark Tank“, во една прилика на својот блог ја открил тајната на своето богатство.
Тој објаснил дека богатството не доаѓа преку ноќ, туку започнува со една едноставна (и моќна) навика. „Не е лошо да се биде богат. Прашањето што сите го поставуваат е – како да се стигне до таму?“ напишал тој.
Кубан тврди дека не постои универзална формула за успех, но дека неговиот најважен совет е штедењето. „Штедете ги парите. Штедете колку што можете повеќе. Наместо кафе – пијте вода. Наместо скапи оброци надвор – јадете едноставен оброк дома“, советува милијардерот.
Избегнување долгови, паметно трошење…
Покрај тоа, милијардерот ја истакнал важноста на избегнувањето долгови. „Ако користите кредитни картички, не сакате да бидете богати. Првиот чекор до богатство бара дисциплина. Ако навистина сакате да бидете богати, мора да ја пронајдете таа дисциплина. Можете ли?“ запраша тој, додавајќи дека верува оти паметното трошење е првиот чекор кон богатството.
„Мора да се откажете од одредени работи. Тоа не е лесно за секого, особено ако имате семејство. Но што и да можете да заштедите – заштедете го. Колку што можете. Штедете пари и ставете ги во орочени шестмесечни депозити. Првиот чекор кон богатството е да имате готовина на располагање. Не штедете за пензија – штедете за моментот кога навистина ви треба готовина“, порача тој.
„Пронајдете го она што најмногу ве интересира“
Дури откако ќе акумулирате одредена заштеда, Кубан советува да ја пронајдете работа што ја сакате: „Пронајдете го она што најмногу ве интересира и почнете да работите во индустрија која го поддржува тоа.
Не мора веднаш да ја пронајдете вашата работа од соништата, важно е да научите и да стекнете искуство. Тоа може да биде службеничка работа, работа во продажба, што било. Клучот е да се започне од некаде. Наместо да плаќате за образование, добивајте плата додека учите. Тоа можеби не е совршена работа, но не постои совршен пат до збогатувањето“, објасни Кубан.
Трпението е клучно
На крајот милијардерот рекол дека трпението е најважно.
„Не зборуваме за денови. Не зборуваме за месеци. Зборуваме за години. Многу години, можеби дури и децении“, рекол тој, појаснувајќи дека неговите совети не се „шема за брзо збогатување“, туку „конкретен пат кон финансиската стабилност и успех“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа