Мицкоски за предлогот на Филипче: Ајде да го видиме документот, би сакале и ние да имаме импут

 

„Па да го видиме документот што ќе го поднесат.“

Вака одговори премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање за повикот за Резолуција за црвени линии во Собранието кое првиот човек на СДСМ го најави и во интевју на Сител, но и денеска на прес-конференција.

-Се надевам дека ќе дозволат да и ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група на Коалицијата исто така даде свој импут. Така што, ајде да го видиме документот, да видиме што е она што ќе понудат ново. Иако морам да кажам дека во минатото Декларациите на СДСМ се декларации коишто на крајот завршуваат како обично слово на хартија. Воопшто не се почитуваат. Имавме многу такви декларации во минатото, како што кажав, но за жал СДСМ сето тоа коешто го декларираше, апсолутно не го почитуваше кога потоа имаше кревка можност да управува со Владата. Така што, ајде да го видиме документот па да дадеме и ние наш импут врз основа на тоа што ќе го видиме, рече Мицкоски. 

Филипче денеска најави дека неговата партија подготвува детален документ кој наскоро ќе биде презентиран пред јавноста и пред сите политички партии.

-Еве Резолуција, да ги утврдиме нашите црвени линии за да укажеме јасно и гласно дека сите треба да бидат чесни кога кажуваат какви се политиките, а не да се користат со лаги и манипулации за скриено да протуркаат некоја своја политика која очигледно не нѐ води никаде, кажа Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

01.09.2025 - 19:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега