Мицкоски: Растат платите и пензиите

 


Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за последниот извештај за движењето на платите објавен од Заводот за статистика, изјави дека очекува да продолжи економската консолидација.

„Имавме два супер успешни квартали, тоа беше четвриот и третиот квартал од минатата година. За прв пат забележавме раст, после долго време, од 3 отсто и сме во првите пет најбрзорастечки економии во Европа. Очекувам тој тренд да продолжи и во овој прв квартал од оваа година. Самите вие кажавте дека продолжува да расте просечната плата и покрај тоа што многумина политички глодари од позиција на опозиција ја напаѓаа Владата дека била против растот на платите. Еве гледате дека растат.“, истакна премиерот Мицкоски.

Тој информираше дека сега од 1 април ќе пораснат и пензиите, нови две и пол илјади денари линеарно зголемување за пензионерите и додаде:

„Тоа што го ветивме првата година ќе го реализираме за девет месеци. И во суштина за овие девет месеци, направивме многу убави работи што дел ги ветивме, дел ги реализиравме, а не ги ветивме. Така што, во делот на економското консолидирање на државата, мојата порака до граѓаните е да бидат спокојни, убави времиња доаѓаат за Македонија и за македонската економија.“

24.03.2025 - 14:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега