Мицкоски: Нека е честито, укинати визите за Обединетите Арапски Емирати

Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.
На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја!, соопшти Мицкоски.
„Наскоро со конкретната примена на одлуката за безвизното патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното партнерство.
Се бориме на секој можен начин да се помогне на нашите граѓани, и со секој ден да се носат промени за заедничката иднина.
Нека е честито“, посочи Мицкоски.
25.04.2025 - 12:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа