Мицкоски на доделување станови на социјално ранливите семејства во Велес
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на доделување на клучеви од новата зграда наменета за социјално ранливите семејства во Општина Велес (Блок 40-Локалитет 1ГП 2.1).
Како што информираат од владината прес-служба, објектот е со приземје и пет ката, со 29 станбени единици и вкупно изградена површина од 1.843 метри квадратни.
Површината на становите е со површина од 39 м2 до 45 м2, а вкупната инвестиција на објектот изнесува 53.998.717,00 денари без ДДВ.
Во Општина Велес денеска ќе се пушти во употреба и реконструираниот спортски терен.
-Вредноста на проектот е во висина од 23.998.148,70 денари, а средствата се обезбедени од Министерството за спорт. Вкупната површина е 1849м2, односно плоштад 317м2, фитнес терен 95м2, спортско игралиште 1320м2, игралиште за деца 96м2 и пинг понг маса 21м2, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа