Мицкоски: Ќе се гради Медицински факултет
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека денес вицепремиерот Николовски во Лондон го потпишува договорот со Британската Влада и најавата за изградба на нов факултет во Штип, изјави:
„Што се однесува на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, денес се потпишува. Таму е македонска делегација во којашто се потпретседателите на Влада, едниот министер за транспорт, другиот за животна средина, Николовски и Меџити. Таму е исто така министерката за образование којашто има своја агенда поради настани коишто таму се случуваат. Денес ќе се стави параф на тој Договор, потоа ќе дојде во Парламент пред пратениците. Ние шверцерски ништо не носиме, не злоупотребуваме европски знамиња, ќе го видат пратениците тоа што следи. Дел од тој проект е изградба на пруга којашто ќе ги поврзе Табановце со Гевгелија, реконструкција и модернизација на истата, завршување на Клиничкиот центар во Штип, заедно со зграда за Медицински факултет и студентски дом, изградба на Болницата во Кичево, заедно со здравствен дом и целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово. И тука не застануваме, бидејќи сè уште имаме најмалку уште 60% од рамката којашто ни е на располагање. Така што на ваков начин се гради државата, наместо како по принципот до сега што беше, во минатото, се крадеше.“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа