Мицкоски: Институциите да постапат за дивоградбите - никој нема да биде заштитен
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во емисијата „Само интервју“, на телевизија Канал 5, каде меѓу другото запрашан и на темата за дивоградбите, посочи дека Владата води принципиелна политика, истото го препознаваат и граѓаните.
И силно алудирајќи дека кога станува збор за прекршување на законот, никој нема да биде заштитен.
„Прво, ние како држава не постапуваме во тие случаи, МВР може врз основа на пријава и барање на ОЈО да дејствува и тоа го прави. Кога добива од страна на ОЈО барање, пријава итн., тогаш постапува. Јас колку што знам не е само во Чаир. Колку што знам дека МВР постапи или ќе постапува и во други општини врз основа на пријави“, вели премиерот. Мицкоски истакна дека граѓаните добро ја препознаваат принципиелната политика на Владата, а секој оној кој се огрешил пред законот нема да биде заштитен.
„Ние водиме принципиелна политика, и тоа го препознаваат граѓаните. И никој нема да биде заштитен, и тоа сум го кажувал многу пати до сега. Кој и да е, што и да е, доколку сторил кривично дело. И тука нема дилема“, рече Мицкоски и додаде:
„Нашата цел како Влада, прва точка на спојување е борбата токму против тоа, против потенцијалната корупција. Секој којшто има различна амбиција не може да биде мој соработник.“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа