Метео аларм: Повторно невреме во Македонија - Од понеделник ќе истури дожд

 

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.И во текот на целиот викенд ќе биде сончево, а од следната недела се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Денеска попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од четири до 11, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 28 степени.

 

 

02.05.2025 - 08:19

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега