Мерцедес излета од патот во Василево - Тешко повреден тинејџер
Денеска во 00.20 часот во СВР Струмица е пријавено дека на крстосницата од ул.„Младинска“, ул.„24-ти Октомври“ и ул.„Братство-единство“ во Струмица патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.М.(25) од с.Градошорци, општина Василево, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник М.М.(18), констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Струмица.
01.07.2025 - 15:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа