Меџити на меѓународна конференција „Патот до одржливо управување со отпад“
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска ќе учествува и ќе има обраќање на 6-та меѓународна конференција „Патот до одржливо управување со отпад“, во организација на Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MaSWA).
Како што е најавено од Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (МАСВА) на меѓународната конференција ќе се обратат и Михаил Матески, претседател на Македонската асоцијација за управување со цврст отпад, Џејмс Лоу, претседател на Меѓународната организација за управување со отпад, Стефан Худолин, шеф за соработка во делегацијата на Европската унија во Скопје, како и Узлем Џанел, амбасадорка на кралството Холандија.
Во рамки на конференцијата домашни и странски експерти ќе зборуваат на темата потенцијалите на кружната економија, зелената енергија, отпадот како ресурс, климатски акции и цели за декарбонизација, паметни и дигитални технологии во управувањето со отпад, ЕСГ стандарди и друго.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа