Меџити до Данела Арсовска: Пред избори ви текна дека постојат Чаир и Скопје

 

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити во интервју за Сител, ја повика Данела Арсовска да направи обиколка и во скопски Сарај за да види како стои ситуацијата таму со дивоградби.

- „Јас жалам што таа е жртва на друг нарачател и дека два-три месеца пред изборите ѝ текна дека постојат Чаир и Скопје. Но добро е истата градоначалничка да отиде и во Сарај, да види како стои бројот на дивоградби, како се легализираат по едно евро надвор од законските прописи. Да земе список од градежниот инспекторат и да го види вкупниот број на дивоградби, да види каде на таа листа е Чаир, а каде се другите општини“, изјави Меџити во интервјуто за Сител.

28.05.2025 - 11:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега