Маж приведен во Скопје, пронајдена марихуана при претрес на домот

 


Полициски службеници од СВР Скопје, вчера околу 15:05 часот, го лишиле од слобода Р.К. (24) од Скопје, на подрачјето на општина Гази Баба.

Како што информира денеска МВР, при претрес во домот каде што лицето престојувало, а извршен со судска наредба од Основниот кривичен суд Скопје, била пронајдена и одземена марихуана.

Р.К. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

30.07.2025 - 13:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега