Маврово и Ростуше со солидарност: 500.000 денари за настраданите во Кочани
Советот на општина Маврово и Ростуше на вонредна седница донесе Одлука за одобрување на финансиски средства за настраданите граѓани во трагичната несреќа предизвикана од пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани.
-Седницата беше свикана по барање на градоначалникот Медат Куртовски на која едногласно советниците донесоа одлука со која се одобруваат финансиски средства во висина од 500 илјади денари, кои ќе бидат исплатени од општинскиот буџет, информираа од општината.
Седницата со која претседаваше Теута Мирто, докторка во Здравствениот дом „Русе Бошковски" во Ростуше, почна со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите.
-Од името на Советот, градоначалникот, општинската администрација и жителите на општината, сакаме да изразиме длабоко сочувство до фамилиите на настраданите во пожарот во Кочани. На повредените им посакуваме брзо закрепнување. Во овие моменти солидарноста е најважна, и токму таа е одлика која ги краси жителите на општина Маврово и Ростуше, додаваат од општината.
Општина Маврово и Ростуше и до сега се солидализираше со вакви и слични несреќи, како во нашата така и во други држави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа