Масакр во Русија: Тинејџер на роденденска забава убил неколку врсници - па ја запалил куќата
Осомничениот за убиството на тинејџери во градот Бајкалск има 17 години, додека другите во друштвото биле помлади од него - од 13 до 16 години, изјави претставникот на обвинителството на Иркутската област во Русија.
Во ноќта помеѓу вторник и среда, избувнал пожар во приватна куќа во Бајкал. Телата на пет малолетници биле пронајдени на местото на несреќата.
Според прелиминарните податоци на Истражниот комитет, група млади луѓе славеле роденден во приватна куќа во СНТ „Горно Бајкал“, кога во еден момент еден од нив ги нападнал своите врсници со нож.
Четворица тинејџери починале на лице место, додека уште четворица повредени биле пренесени во болница.
Се претпоставува дека осомничениот ја запалил куќата по нападот и починал во пожарот.
Еден од повредените е опериран и е во стабилна состојба, додека состојбата на преостанатите тројца не предизвикува загриженост кај лекарите; сите ќе бидат префрлени во Иркутск на лекување.
„Жртвите се: 16-годишно девојче, тројца млади мажи на возраст од 13 до 14 години и осомничениот - 17-годишен. Вкупно пет лица. Повредени се две девојчиња на возраст од 14 и 15 години и две момчиња на возраст од 14 и 15 години“, изјави соговорникот на агенцијата.
Покрената е кривична постапка за убиство. На местото на настанот работат истражители, форензички екипи и оперативен штаб формиран по наредба на гувернерот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа