Манев: Палчо ни ветуваше 150 илјади евра
Денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за двојното убиство на Вања и Панче. Обвинитиот Велибор Манев вели Љупчо Палевски – Палчо ги убил двете лица, и го објасни начинот на кој го сторил тоа.
На прашање на неговиот бранител колку пари им биле ветени од Палчо, Манев одговори:
„Првично по 150 илјади евра ни ветувше за грабнување на ќерката на фармацевтот. За после тоа откако видовме дека не е таа особа и дека е грешка, рече нема да бидат толку пари ќе бидат помалку, но важно ќе ги земеме“, рече Манев.
12.03.2025 - 12:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа