Манасиевски: СДС ги молат луѓето да прифатат кандидатура за градоначалник

 


Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска изјави дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) е во очајна ситуација, бидејќи немаат кандидат за градоначалник на Град Скопје. Според него, партијата по цел ден моли луѓе да прифатат кандидатура.

 

Манасиевски нагласи дека во СДСМ владее вистинска паника, бидејќи кој и да биде нивен кандидат, ќе изгуби уште во првиот круг.

„Во СДС знаат дека поразот во октомври ќе им биде најголем досега, и ќе имаат најмалку освоени гласови во Скопје во историјата“, рече Манасиевски.

Тој тврди дека сите анкети со кои располага СДСМ укажуваат на пораз во однос 5:1, предвидувајќи „огромен дебакал“ за СДСМ и Венко Филипче.

 

Според Манасиевски, Скопје го препознава СДСМ по „неработа, мрзеливост и криминал“, што доведува до стагнација на градот. Тоа е и причина за нискиот рејтинг на СДСМ во Скопје и на кој било нивен кандидат за градоначалник.

„Битката и маката на Венко Филипче е кого ќе успее да убеди да биде носител на поразот“, заклучи Валентин Манасиевски.

17.07.2025 - 12:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега