Малолетници со автоматска пушка изрешетале куќа полна со луѓе - МВР со детали за пукањето во Тетово
Полицијата на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, на влез во селото Гајре, приведе двајца малолетници за пукањето што се случи во понеделникот.
„На 26 мај околу 21.15 часот на улица „111“ во Тетово пукале со автоматска пушка во правец на куќа, сопственост на М.Т. од Тетово“, соопшти МВР.
Малолетниците се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и во присуство на службеници од Центарот за социјални работи извршен е службен разговор. По документирање на случајот ќе биде поднесена пријава.
30.05.2025 - 10:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа