Македонско Село ги отвара вратите во јуни - Месечната кирија е 3.500 евра
Комплексот „Македонско село“ во јуни повторно ќе ги отвори вратите за посетители. Директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски, ја соопшти донесената одлука.
- „На последниот оглас имаше пријавено две компании од кои едната компанија имаше комплетно за целиот објект, другата компанија само за еден дел. Цената која е постигната е околу 210 илјади денари месечна закупнина. Објектот би требало да започне со функционирање некаде почетокот на јуни месец, а закупецот, односно концесионерот ќе треба да отпочне со плаќање на закупнина од септември. Даваме некој одреден грејс период на луѓето за да можат да го реновираат, реставрираат, бидејќи по огласот се она што ќе го инвестираат останува во сопственост на државата. Концесионерот е фирмата Ла Тераца, се занимава со туризам и угостителство и концесијата ќе биде потпишана на 15 години“ , изјави Ивица Томовски за Сител.
СОЗР редовно плаќа за осигурување и обезбедување, а со тоа што не работи загубени се над 350 илјади евра.
„Македонско село“ се протега на површина од 15 илјади квадратни метри. Има 12 двокатни куќи, секоја приказна за посебен регион од земјава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа