Македонската полиција фати криминалец баран со потерница - Го чекаат 5 години затвор
На 28.05.2025 во 10.00 часот на улицата „Коста Абрашевиќ“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода В.Р.(42) од Битола.
Тој бил баран со потерница за издржување на казна затвор во траење од пет години за извршени кривични дела по член 215 од КЗ.
Лицето е спроведено во Казнено- поправниот дом „Затвор Прилеп“.
29.05.2025 - 10:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа