Македонија во овој момент не е подготвена да испрати војници во Украина

 

Северна Македонија во овој момент не е подготвена да испрати војници во Украина како дел од воена мировна мисија која ќе го гарантира мирот во земјата. Според извори во МНР, одлуката е донесена бидејќи како земја-членка на НАТО, Македонија не смее да дозволи каков било безбедносен вакуум од регионална гледна точка, пренесе „Дојче Веле“.

Фокусот на земјата во следниот период мора да биде на регионот и на источното и јужното крило на НАТО. Допрва ќе се одлучува и дали ќе продолжи воената помош којашто земјата и ја дава на Украина, за одбрана од руската агресија.

Државната позиција е дека Русија спровела воена агресија врз Украина, но истовремено во МНР сметаат дека е дојдено време за дипломатија и за мир и оти принципиелно ќе поддржуваат секоја иницијатива што е насочена кон изнаоѓање на мир.

Според извори од МНР, правецот на македонската надворешна политика е јасен – стратешко партнерство со САД, членството во НАТО и останување на патот кон неостварената стратешка цел – полноправното членство со Европската Унија.

07.03.2025 - 20:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега