Македонија на 2 јули ќе ги дознае ривалите на СП 2023
Македонската ракометна репрезентација ќе настапи на Светското првенство (СП), кое е закажано за период од 11 до 29 јануари 2023 година.
Турнирот ќе се одржи во Шведска и Полска, а ќе настапат 32 репрезентации, додека македонската селекција на 2 јули од вториот шешир ќе ги дознае противниците.
Во продолжение може да погледнете како изгледаат шеширите.
25.06.2022 - 15:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа