Лога достави Иницијативи до Уставен суд за прописи за кои не е почитуван уставниот рок за објавување во Службен весник

 

 

Mинистерот за правда Кренар Лога денеска до Уставниот суд достави 10 Иницијативи во име на Министерството за правда и 10 во свое лично име како граѓанин за поведување постапки за оценување на уставноста на прописи објавени во Службен весник спротивно на членот 52 од Уставот.

Од министерството велат дека целта е да се гарантира уставноста и законитоста на прописите во државата и за сите да важат уставните рокови за објавување во Службен весник.

„На потег се почитуваните судии од Уставен суд од кои очекуваме да се произјаснат за Иницијативите со истата ефикасност, брзина и експедитивност како што постапија за Упатството за матичните книги на минатата отворена седница“ велат од министерството.

Во Иницијативите е наведено дека во изминатиот период воочена е објава на повеќе прописи за кои постои уставна обврска за објава во ,,Службен весник на Република Северна Македонија”, а кои се објавени во спротивност со членот 52 , односно не е почитуван уставниот рок од седум дена за објавување на прописите.

Од Уставниот суд исто така се бара по службена должност да ја испита уставноста на прописите за кои не е почитуван уставниот рок од седум дена за нивно објавување.

12.07.2023 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега