Љутков во Котор: Културата и туризмот – двигатели на економијата на Западен Балкан

 


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска (28 мај 2025 година) во Котор, Црна Гора, присуствуваше и се обрати на првиот состанок на министрите за култура од Западен Балкан, во организација на Британскиот совет, а во партнерство со Министерството за култура на Црна Гора. Состанокот се одржа како дел од Берлинскиот процес 2025, чиј домаќин оваа година е Обединетото Кралство. Оваа денешна средба во Котор, Република Црна Гора, претставува прво вклучување на министрите за култура од Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес. 

Министерот Љутков на состанокот истакна: „Во време кога економскиот раст се мери не само преку индустриска продукција, туку и преку културна длабочина и креативен капацитет, потребно е да ја препознаеме стратешката вредност на спојот меѓу културата и туризмот. Ваквите и слични собири мораме да ги користиме за сеопфатно да ја осмислиме нивната синергија како двигател на креативната економија – економија што расте од идеи, се храни со иновации и се темели на човечките вредности“.

Состанокот беше уште една можност да се претстават досегашните постигнувања на министерствата во областа на културата, како и да се обезбеди платформа за унапредување на регионалната соработка и средби со клучни меѓународни партнери кои го поддржуваат економскиот раст преку културата и креативните индустрии.

 

28.05.2025 - 14:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега