Летот Базел - Охрид ќе стартува четири месеци порано од планираното

 

Најавената авиолинија Охрид - Базел ќе стартува четири месеци порано, и првиот лет е закажан за 27 октомври, информираше вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

-„Европскиот аеродром“ како што е името на аеродромот помеѓу градовите Базел, Мулуз и Фрајбург е многу важен аеродром затоа што е на тромеѓе на три држави - Швајцарија, Германија и Франција. Раскрсница која ќе донесе многу туристи, но и ќе го олесни патувањето на нашата дијаспора. Од компанијата WizzAir објавија дека веќе може да се купат карти за новата авиолинија Охрид - Базел. Првиот лет на оваа линија која е дел од програмата за субвенционирање на нови авиолинии е закажан за 27 Октомври, вели Николоски, додавајќи дека во моментот се водат интензивни разговори за други нови авиолинии.

 

25.05.2025 - 14:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега