Лазаров: Мора да е скриена камера кога никој не не критикува

 

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва игра против Франција, во последното коло во Групата 2 на 29.Светско пренство.

Кирил Лазаров и неговиот тим имаат успешен настап на Мундијалот. Две победи, две нерешени и пораз е билансот во пресрет на дуелот со Франција.

„Ова досега го немам доживеано. Мора да има скриена камера кога нема ниту една критика. Мора да се работи за некаква местенка. Се шегувам, кртиките секогаш се потребни и во победите и во поразите. Ние сме мала земја, немаме многу играчи. Важно е да постои добар систем и да функционираат клубовите, да им се даде шанса на македонските деца за да се создаде база за годините што доаѓаат“, изјави македонскиот селекто за „balkan-handball.com“.

25.01.2025 - 12:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега