Ласовска: Владата активно презема мерки за помош на повредените од Кочани

 


Благица Ласовска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во 24 анализа на телевизија 24. Таа ја коментираше хипокризијата на СДС, која иако побара закон за помош на Кочани, на крајот не го поддржа во Собранието. Таа нагласи дека Владата активно презема мерки за помош на повредените, со отворена телефонска линија, координација со семејствата и одлука за рехабилитација на Пониква.

„Која е таа хипокризија? Барате со денови прес-конференции, замајување на јавноста, законот за Кочани. И на крај не го гласате. Значи граѓаните што гледаат треба да знаат дека, СДС бараше закон за Кочани, за помош на семејствата од Кочани и на крај не го гласаше. Јас немам друг коментар освен хипокризија“, вели Ласовска.

Ласовска истакна дека нагласи дека Владата е посветена на создавање услови за рехабилитација на повредените и дека се преземаат итни мерки за подобрување на ситуацијата, имајќи ги предвид лошите услови на теренот.

„Делата се битни. Отворена е телефонската линија пред неколку дена. Од таа телефонска линија контактирани се семејствата и сите нивни потреби. Медицински тимови и екипи дека веќе се работи на тоа. Владата донесе одлука Пониква да се даде простор во којшто ќе има рехабилитација на повредените, знаеме дека условите се катастрофални“, рече Ласовска.

13.06.2025 - 09:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега