Кузеска: Власта товари нови долгови на грбот на граѓаните и граба пари за себе

 


Власта има рекорден Буџет од 6 милијарди евра за оваа година, а вели дека нема пари за зголемување на платите на работниците, изјави на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Како што рече, уште кога беше во фаза на предлог Буџетот за 2025 година, СДСМ предупреди дека ова ќе биде најгломазниот и најраспинички буџет во историјата во кој ќе нема пари за работниците и поголеми плати за граѓаните. И тоа се покажало како точно.

„Ова е недопустливо и покажува целосно непочитување на трудот македонските работници и неспособност на власта да одговори на економските потреби на граѓаните. Дополнително, власта товари нови долгови на грбот на граѓаните и граба пари за себе воопшто не водејќи сметка за потребите на граѓаните и на работниците. Покрај задолжувањето од 500 милиони евра од Унгарија, власта во изминатите 3 месеци се задолжи со 128 милиони евра преку државни записи и обврзници, и 73,7 милиони евра кај домашните кредитори. Тоа се нови, над 200 милиони евра долгови врз грбот на граѓаните кои ќе ги плаќаат идните генерации. А платите стагнираат, животниот стандард и куповната моќ на народот опаѓа. Последните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат зголемени трошоци за живот за 4,4 отсто и зголемени цените на основните производи за 4,3 проценти“, рече Кузеска.

Додаде дека со власта на Мицкоски и ДПМНЕ граѓаните имаат помалку пари во џебовите а работниците живеат се потешко.

Според Кузеска, власта целосно го напуштила системот за зголемување на платите воспоставен од СДСМ што резултирало со влошување на животниот стандард на работниците. Упорно го игнорираат и нивниот предлог за минимална плата од 500 евра, која, како што додаде Кузеска, е неопходна за да се одговори на растот на трошоците за живот.

18.01.2025 - 13:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега