Кузеска: Тошковски - оди си, граѓаните не се чувствуваат безбедни

Ова што се случи во Прилеп е уште една страшна потврда дека безбедносната состојба во Македонија е целосно излезена од контрола. За конректниот случај ќе ги почекаме официјалните информации пред да коментираме бидејќи не сакаме да злоупотребуваме ништо. Но она што е факт е следно:
Во Македонија една година луѓето се убиваат по улици, по маала, во свои домови. Тошковски повеќе не може да ја сокрие вистината. Едноставно џаве лаже дека „безбедноста е подобрена“, кога граѓаните се оставени сами на себе со чувство на страв и немоќ, изјави на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Сведоци сме на низа убиства, престрелки, ликвидации и закани кои ја погодија Македонија во изминатата година. Преку 25 убиства и обиди за убиства, оружје на секој чекор, нарко-кланови кои слободно оперираат, а полицијата наместо да ги спречи ги штити.
Системот е парализиран, криминалците управуваат со улиците, а власта со своето молчење и неспособност им овозможува тоа да се случува.
Министерот Тошковски со месеци зборува за „намален криминалитет“, а Македонија секојдневно е потресена од убиства.
Пораката што ја добиваат граѓаните денес е дека животот им вреди помалку од амбициите на власта. Тоа е страшна порака.
Затоа, повторуваме: Панче Тошковски мора веднаш да си поднесе оставка. Не од морални причини, туку затоа што е неспособен да ја гарантира најосновната должност на државата, безбедноста на своите граѓани, дополни портпаролката на СДСМ.
13.07.2025 - 14:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа