Кршеле и уништувале се пред себе: Разбојници оштетиле пет куќи и три автомобили во Кавадарци
Ја скршиле вратата од нејзиниот дом, а оштетиле и четири соседни куќи и возила, кавадарчанка пријавила напад во полиција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
- Рано утрово по полноќ во 00.00 часот во ОВР Кавадарци, 22-годишната А.Б. од Кавадарци пријавила дека неколку машки лица ја скршиле влезната врата од нејзиниот дом, по што оштетиле и четири соседни куќи, сопственост на М.Ф., Е.Ф., Р.Ф. и А.Р. а во некои од нив влегле и ја оштетиле и покуќнината, а потоа оштетиле и три возила кои биле паркирани во близина на куќите, соопштија од СВР Велес.
Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци. Се преземале мерки за расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа