Кривични за две лица поради кражба на цркви во Свети Николе

 

Полицијата поднесе кривична пријава против Д.К.(37) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и едно кривично дело лажно претставување по член 391 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека ги сторил кражбите во периодот од 11.05.2025 до 15.05.2025 во цркви на подрачјето на Свети Николе, а при една лажно се претатсвувал на свештено лице како полициски инспектор.

По преземени мерки и активности, на 16.05.2025 во 12.30 часот во Свети Николе, тој е лишен од слобода, по што е спроведен во Полициската станица Пробиштип каде бил задржан во врска со судска наредба за приведување и спровод во Казнено – поправната установа Затвор Струмица.

Исто така, во истиот период, ОВР Свети Николе расчисти и кривично дело „тешка кражба“од црква во Свети Николе, сторена од М.Ј. од Свети Николе. Таа е пронајдена и против неа, исто така, е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Свети Николе по член 236 од Кривичниот законик.

 
24.05.2025 - 11:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега