Крис Павловски: Не го организиравме патувањето на Мицкоски за инаугурацијата на Трамп

 

Основачот и сопственик на платформата за видеа „Рамбл“, американскиот бизнисмен со македонско потекло Крис Павловски, во интервју за „Телма“ вели дека тој и неговата компанија не го организирале патувањето на македонската владина делегација во САД за време на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп во јануари.

„Со почит кон македонската влада, ние не го организиравме патувањето во Вашингтон. Тоа не е нешто со што ние се занимаваме, ние водиме видеоплатформа и пренесување стримови и видеа. Ние не сме политичка компанија, не учествуваме таму. Ние сме видеоплатформа,“ вели Павлоски, кој во земјава учествува на самитот на иницијативата „Македонија 2025“.

12.05.2025 - 19:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега