Костадинов: Кога се сака се може, позициите на Струмица се исполнети
Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов по денешната средба со претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, преку својот Фејсбук профил истакна дека се исполнети барањата на Општина Струмица.
„Позициите на Струмица исполнети!
-Деполитизација на предизвикот со водата во брана Турија!
-Работна експертска група која ќе даде дијагнозата и насоките, краткорочни, среднорочни и долгорочни за превенција на повторно појава на високо ниво на манган во водата.
-Динамика која ќе мора да ја почитуваме за сервисирање на долгот кон АД Водостопанство.
-Целосно превземање на обврските согласно надлежностите на АД Водостопанство, МЗШВ, општина Струмица.
Затоа и беше активиран алармот, за да најдеме заедничко решение!
Кога се сака, се може“, напиша Костадинов на својот Фејсбук профил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа