Ќерката на Џулија Робертс за првпат во јавноста: Наследничката на славната актерка прошетала на црвениот тепих заедно со својот татко
Шон Пен го претстави својот нов филм на Канскиот филмски фестивал, а камерман на ова остварување бил Даниел Модер, сопруг на холивудската актерка Џулија Робертс.
Иако таа не се појавила на црвениот тепих, Модер не бил сам бидејќи друштво му правела нивната ќерка Хејзел.

Ова е прво официјално појавување на 16-годишната Хејзел, а за фестивалот во Кан се определила за едноставна комбинација, соодветна за една тинејџерка. Хејзел носела кошула-фустан во жолта боја, во комбинација со лакирани црни чевли.
Интересно е да се види како изгледа Хејзел, а се чини дека таа е совршен микс од своите родители – иако во ликот повеќе наликува на својот татко, ставот и држењето на оваа русокоса девојка се точен одраз на нејзината мајка.

За потсетување, Џулија и Даниел се запознале во 2000 година на снимањето на филмот „The Mexican“, во период кога Џулија била потполно разочарана во љубовта, а зад себе имала и пропаднат брак. Парот неодамна ја прослави својата 19-годишнина, а покрај Хејзел, тие имаат и 2 сина – Хенри и Финеус.


Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа