Ќе им исплатат по 80 евра на сите пензионери за Божиќ

 

Хрватската Влада денеска одлучи пред католлички Божиќ на сите пензионери и корисници на државниот додаток за стари лица да им исплати еднократен додаток од 80 евра, за што ќе бидат осигурани околу 100 милиони евра, јави Хина.


„Владата денеска е во позиција да донесе одлука за додаток во пресрет на Божик во висина од 80 евра за сите пензионери, над еден милион и 230.000 од нив.Сметаме дека ова е многу добро во моментов и дека на овој начин ќе испратиме порака на солидарност за која се грижи државата кон нашите сограѓани од трето доба“, рече премиерот Пленковиќ на почетокот на седницата на Владата.


 

Еднократен паричен додаток, овој месец ќе им се исплати на корисниците на пензија остварена во Република Хрватска во задолжителното пензиско осигурување и на корисниците на националниот надоместок за стари лица фатени во исплата за месец ноември 2024. Министерот за труд, пензиски систем, семејство и социјални прашања, Марин Пилетиќ потсети дека Владата досега има донесено девет одлуки за еднократна исплата на надоместоците на пензионерите, за што се издвоени над 612 милиони евра од државниот буџет.

„ Тој додаток од 80 евра ќе им биде исплатен на сите наши пензионери“, рече тој, посочувајќи дека одлуката е резултат на договор со претстаниви на пензионерски здруженија во државата.


Во Хрватска има еден милион и 228.000 пензионери и 17.500 корисници на национален додаток за стари лица.

05.12.2024 - 10:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега