Кирибати и Нов Зеланд ја пречекаа 2025 година
Новата година пристигна на малиот остров Лајн, кој припаѓа на островската држава Кирибати во централниот дел на Тихиот Океан. Во Нов Зеланд пристигна 2025 година.Новата година во Окленд ја дочекаа со огномет, со кој беа почестени домородните племиња, јавува Би-би-си.
Во соседна Австралија во пристаништето во Сиднеј ќе биде пречекана со традиционален огномет на кој ќе присуствуваат околу милион луѓе. На приемот ќе настапи британскиот пејач Роби Вилијамс, а музика ќе биде употребена и за да им се оддаде почит на домородните племиња на таа земја.
По Кирибати, Новата година ќе пристигне на далечниот исток на Азија, во Австралија, потоа преку Јапонија, Индонезија, Кина, Индија и други азиски земји ќе дојде во Европа и Африка, за да продолжи преку Атлантикот до двата американски континента до Пацифичките острови Хаваи, Американска Самоа, Ниуе и островите Мидвеј.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа