Кејт Мидлтон воодушеви со изборот на фустан: Во овој модел секоја фигура изгледа како песочен часовник

 

Кејт Мидлтон добро знае што ѝ ласка на нејзината фигура, па затоа никогаш не греши кога станува збор за модните комбинации. Таа со години е верна на својот стил и миди фустаните со А-крој.

По којзнае кој пат, војвотката од Кембриџ успеа да ги воодушеви модните критичари и повторно заслужи чиста 10-ка!

Овојпат Мидлтон била во посета на Универзитетот во Лондон, а за таа прилика избрала сив кариран фустан кој го искомбинирала со салонки во истата нијанса. Волуменозните ракави и интересниот детаљ околу вратот ѝ дале романтична и елегантна нота на целата комбинација.

Во овој крој секоја жена изгледа повитко, а модните експерти тврдат дека тој е најдобар избор за жените со пошироки колкови. Ваквиот фустан можете да го носите и во полежерни прилики, во комбинација со ниски чизми или балетанки.

05.10.2021 - 18:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега