Кавадарчанец возел „сканија“ со украдени таблички, уапсен во Неготино

 


Кавадарчанец со фалсификат регистрација возел во Неготино, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

-Вчера на булевар „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР – Неготино, при контрола на товарно возило „сканија“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.Н., на возраст од 36 години од Кавадарци, констатирале кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по член 378 став 3 од КЗ на Република Северна Македонија, односно дека на возилото биле ставени регистерски таблици од друго возило, појаснија од СВР – Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР – Неготино. Возилото било одземено и по целосно расчистување и документирање на настанот, како што потенцираа од СВР – Велес, ќе биде поднесена пријава.

31.08.2025 - 12:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега