Кавадарчанец кривично ќе се гони: Со пиштол одзел пари од тобако

 


Поднесена е кривична пријава против 37-годишниот М.Н. од Кавадарци.

Пријавата, како што велат од СВР Велес, е од поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик.

„ОВР – Кавадарци до ОЈО – Кавадарци поднесе кривична пријава против 37-годишниот кавадарчанец М.Н., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик. На 4 јуни околу 23:10 часот, пријавениот влегол во тобако во Кавадарци и со закана со пиштол кон вработената одзел пари од дневниот промет“, информира СВР – Велес. 

13.06.2025 - 16:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега