Касами: Таравари сам излезе од „Вреди“, не беше избркан
Претседателот на Беса и градоначалник на Тетово Биљал Касами, негира дека крилото на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари е „избркана“ од коалицијата „Вреди“. Тој во синоќешното гостување на ТВ „21“ рече дека „Таравари самиот излегол од коалицијата и заминал кај ДУИ“.
- Секој што оди кај ДУИ, за да соработува со ДУИ, излегува, вели Касами.
На прашањето да појасни дали Таравари своеволно ја напуштил коалицијта или бил „избркан“, Касами повтори дека тој самиот решил да излезе од „Вреди“.
= Не, излегол. Тој (Арбен Таравари) сам излезе. За да оди кај Али Ахмети и кај ДУИ. Мора да излезеш одовде за да отидеш таму. Тој го прифати тоа (дека преговара со ДУИ). Тој го прифати… Го прифати“, изјави Касами.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа