Карпош утре ќе остане без вода - дефект на булеварот „8ми Септември“

 

 


Поради дефект Ф-400мм на булевар „8ми-Септември“ во населба Карпош, утре од 09:00 часот без вода ќе останат корисниците од бул. „Илинден“ до кружниот тек – хотел Александар Палас, базенот и спортскиот центар „Борис Трајковски“, информира ЈП Водовод и каналзиација – Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

18.02.2025 - 13:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега