Канје Вест поднесе документи за легалнa промена на името

 

Канје Вест, наводно, сака легално да го промени своето име во Је.

44-годишниот рапер е роден како Канје Омари Вест, но според новите правни документи поднесени во Калифорнија оваа недела, ѕвездата се обидува законски да го смени името во Јe.

Според документите, до кои дојде „Д Бласт“, Канје наведува дека неговата одлука е од лични причини, но не дава дополнителни информации во образложението.

Во Калифорнија, судијата треба да го одјави оној што се обидува легално да го промени името, а во повеќето случаи, промената треба да се објави и во неколку весници.

Макфакс

26.08.2021 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега