Измама со „рент а кар“: Жена од Радовиш остана без автомобил и 193.000 денари – осомничениот избегал во Германија

 


Вчера во 13.00 часот во ОВР Радовиш, 44- годишна жена од радовишко пријави дека била измамена од Б.М. од Радовиш за сума од 193.230 денари.

Според пријавеното, на 13.05.2024, Б.М. од рент а кар компанија од радовишко изнајмил патничко возило во нејзина сопственост и без нејзино одобрение заминал во Сојузна Република Германија, а за да ја држи во заблуда повремено праќал одредена сума на пари.

Како што е пријавено, на 24.05.2025 тие повторно склучиле договор, но тој повторно не го испочитувал и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист за наведената сума.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

04.06.2025 - 14:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега