Итен апел од градоначалникот на Берово: Сите на терен за гаснење на пожарот

 


Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски вечерва упати итен повик до сите граѓани да се вклучат во гаснењето на пожарот кој избувна на месноста Гарванов андак.

Според информации од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Берово, сите пожарникари се на терен, заедно со Шумската служба Малешево од Берово и Пехчево. 

Пожарот се шири брзо кон Градишчето и Трсавица, а доколку не се стави под контрола веднаш, може да предизвика сериозни последици поради густата брица која е присутна во овој регион.

-Сите граѓани кои можат да помогнат, активно да се вклучат во гаснењето на пожарот заедно со пожарникарите и да придонесат за спречување на ширењето на огнот, се вели во апелот на Пекевски.

Пожарот во Берово е единствениот активен од 12-те регистррани денеска на територијата на државава заклучно со 21 часот, според податоците од Центарот за управување со кризи.  

05.09.2025 - 22:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега