Италијански град нуди одмор за едно евро

 

Акцијата на куќи за едно евро стана вообичаен начин да се зголеми бројот на жителите на напуштените италијански села. Сега еден град на Сицилија користи слична тактика за да привлече повеќе туристи.

Сицулијана, мало гратче во провинцијата Агриџенто на Сицилија, на туристите им нуди одмор за едно евро. За помалку од цената на едно еспресо, туристите можат да поминат долг викенд во приморски град на Сицилија, пренесува Euronews.

Од туристичкиот одбор на градот се надеваат дека можноста за одмор за само едно евро ќе привлече повеќе посетители на овој крај во вонсезона, но и дека ќе стане препознатлива туристичка дестинација во целиот свет.

Што е вклучено во понудата?

Сицулијана нуди одмор без трошоци за неколку среќни патници. Сè што треба да направат е да ја платат сицилијанската туристичка такса која чини едно евро. Во понудата се вклучени двојно сместување, оброци и тури, но туристите сами го плаќаат патувањето до ова мало гратче на западниот брег на островот, пренесува nova.rs.

Но, за да имате шанса да го освоите вашиот одмор од соништата, ќе треба да бидете креативни.

Како можете да освоите одмор од 1 евро?

Заинтересираните нека испратат оригинално видео во кое ќе ги објаснат нивните мотиви за учество. Значи, ако никогаш не сте слушнале за ова место, можеби е непријатно. Но, туристичкиот одбор на Сицулијана нуди неколку идеи за тоа што да кажете, на пример, фразите како „заслужуваме одмор“, „ја сакаме Сицилија“ и „сакаме да јадеме сицилијанска храна“ ќе ви помогнат да победите на одмор.

За да учествувате, мора да имате над 18 години и да снимате видео како пар. Во апликацијата, мора да наведете дали патувате со пријател, член на семејството или партнер, како и нивната возраст, град на живеење и информации за контакт преку телефон и е-пошта.

Апликациите ќе ги оценува Туристичкиот одбор, кој следи различни елементи на успешна апликација, вклучувајќи оригиналност и креативност, причини за посета, како и ентузијазам и желба да се открие Сицулијана. За време на празниците, од учесниците ќе биде побарано да снимат видео-дневник од нивниот престој во Сицулијана и да ги споделат најважните моменти од секој ден со Туристичкиот одбор.

Има места за 10 парови, а победниците ќе бидат објавени на 20 март. Првиот одмор ќе се одржи од 4 до 6 април.

Апликациите се отворени до 15 март.

14.03.2025 - 22:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега