Искршено полициско возило - го казниле па земал тврд предмет и почнал да крши стакла

 


Денеска во 01.15 часот на улица „Благоја Стефковски“ во Скопје при преземање на службени дејствија од страна на полициски службеници во рамки на сообраќајни контроли бил даден знак „Стоп“ за патничко моторно возило марка „Пежо“ со скопски регистарски таблички кое што веднаш не застанало, туку набргу е сопрено од страна на полициските службеници на улицата „Ордан Поп Јорданов“.

Притоа констатирано е дека со возилото управувал Ф.Ј. (32) од село Петровец и во него имало уште три машки лица, а констатирани се и неколку прекршоци за кои што се издадени платни налози.

Меѓутоа по завршувањето на службената дејност откако полициските службеници влегле во службеното возило едно од трите лица од возилото „Пежо“ со тврд предмет го удрил и искршил задното стакло од службеното полициско возило, и потоа се дало во бегство.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

19.07.2025 - 15:12

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега