Инцидент во училиште во Карпош: Малолетник повреден откако соученици го фрлиле во вис
Вчера во 08.30 часот во СВР Скопје, М.Б.(51) од с.Бардовци, скопско, пријавил дека на 19.05.2025 во 10.30 часот на игралиште во основно училиште на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил фрлан во висина од неколкумина негови соученици.
Тој според пријавеното паднал и се здобил со повреди.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
28.05.2025 - 13:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа