Илинден субвенционираше купување велосипеди за 63 граѓани

 


Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и оваа година ги додели решенијата на граѓаните кои имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купување на велосипеди.

Градоначалникот Георгиевски истакна дека Општина Илинден и оваа година ја спроведе мерката за субвенционирање на купување на велосипеди, со цел да се стимулираат жителите почесто да ги користат велосипедите и велосипедските патеки, заеднички да придонесеме за поздрава и почиста животна средина и здрави навики на живеење. Оваа година вкупно 63 граѓани добија субвенции за купен велосипед.

Оваа мерка е дел од Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2025 година, која траеше до 30 април годинава. Износот кој го доделува Општина Илинден како финансиска помош изнесува 50% од сумата за која е купен велосипедот или максимум до 4.000 денари по велосипед.

12.05.2025 - 12:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега